Хиперхидроза е медицински термин за состојбата позната како прекумерно потење.
Тоа е чест проблем кој ги засегнува двата пола подеднакво. Се изразува со прекумерна секреција на пот, најчесто од аксилите(пазувите), дланките и стапалата.
Ботоксот е единствен нехируршки метод за долготрајно решение на хиперхидрозата.
Ботулинскиот токсин е природен, пречистен протеин кој ја има способноста привремено да го блокира ослободувањето на невротрансмитерот ацетилхолин во нервните завршетоци и на тој начин ја блокира секрецијата на потните жлезди.

Самата процедура е краткотрајна, а пациентите си продолжуваат со секојдневните обврски веднаш по завршувањето на истата.
Подготвениот раствор се инјектира директно во засегнатата регија (пазуви, дланки и стапала) на која претходно е нанесен локален анестетик. Се работи со многу тенки игли, инјектирањето е плитко поради што и самата процедура е безболна.
Ефектот се забележува уште истиот ден и трае 7 до 12 месеци
