|
|
Повеќе од една деценија, ботулинскиот токсин се користи во медицината за лекување на возрасни и деца со невролошки проблеми - невромускулни заболувања на лицето, вратот и екстремитетите. Исто така, се користи и во офталмологијата за третирање на проблеми со видот и диплопијата (двојна слика). |
|
|
Ботулинскиот токсин наоѓа примена и во естетската медицина како неинвазивна метода (без хируршки третман) за “израмнување”на брчките на лицето и вратот. Брчките на челото, околу очите, околу устата и на вратот се јавуваат поради зголемена мимика, односно движење на мускулатурата и се продлабочуваат со текот на времето. Ботулинскиот токсин делува на релаксација на мускулатурата. Брчките ќе бидат “измазнети” со релаксирање на соодветните мускули. Ова е начинот на делување на ботулинскиот токсин кој се инјектира во одреден мускул или мускулна група и превенира појава на “линии” на местата со најизразена мускулна активност. |
|
Што може да се третира со ботокс? - брчките на челото - брчките меѓу веѓите - подигнување на веѓите - брчките околу очите - пушачките брчки околу устата - брчките околу носот (bunny lines) - брчките на вратот - брчките на деколтето - корекција на насмевката - корекција на асиметрија на лицето - прекумерно потење (хиперхидроза) |
|
|
|
Како изгледа процедурата?
Подготвениот раствор се инјектира во одредениот мускул со многу тенка игла. Постапката е скоро безболна. Ефектот од апликацијата почнува да се забележува уште од вториот ден, а максимален ефект се постигнува за две недели.
|
|
|
|
|
|
|
|