Мезотерапија против опаѓање на коса се користи само во оние случаи на алопеција каде сеуште постојат влакнени фоликули. Кај жени во менопауза се намалува опаѓањето кое е резултат на хормонален дефицит. Во оние случаи, кај помлади пациенти каде што нема значително опаѓање, мезотерапијата го подобрува квалитетот на сувата и оштетена коса.
Со инјектирање на соодветните медикаменти и витамини се постигнува локална дилатација на крвните садови на скалпот, со што се зголемува протокот на крв. Се подобрува оксигенацијата и исхраната на влакнените фоликули со што се стимулира растот на нови квалитетни влакна.
