Акне вулгарис е најчестото кожно заболување кај адолесцентната популација. Се карактеризира со отворени или затворени невоспалени комедони или воспалени папули, пустули и нодули. Најчесто засегнати се кожните регии богати со лојни жлезди - лицето, грбот и горниот дел на градите.
Како настануваат акните:
Основен фактор за настанување е генетската предиспозиција, како и хормоналниот дисбаланс ( синдромот на полицистични јајници, хиперандрогенизам) и др.

Акните се создаваат како резултат на взаемното дејство на 4 процеси:
1, Епидермална хиперпролиферација со последователно затнување на изводните канали на лојните жлезди.
2. Зголемено лачење на секрет од лојните жлезди поради промени во хормоналниот статус.
3. Присуство и активно размножување на бактериите Propionibacterium acnes.
4. Воспаление
Навременото лекување на акни е есенцијално за превенција на доживотен козметички проблем и создавање на лузни.