Што претставува мезотерапијата?
Воведена од францускиот лекар Др. Мишел Пистор во 1952, мезотерапијата е минимално инвазивна процедура која што се користи за лекување на најразлични кожни промени и медицински состојби. Со помош на мезотерапијата директно ги третираме таргетните зони, вбризгувајќи ги активните субстанци (медикаменти, витамини, минерали, амино киселини и др.) во дермот или хиподермот на кожата. Така се постигнуваат најдобри резултати со само неколку процедури.
Што се третира со мезотерапија?
Во Anti-age естетската дерматологија мезотерапијата се користи за намалување на брчки, за хидратација и подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, за тонирање на кожата и враќање на нејзиниот сјај.
Други примени:
- Против опаѓање на коса
- Отстранување на лузни од акни и стрии
- Лифтинг на лице и врат
- Отстранување на локализирани масни наслаги на лицето и вратот (подбрадок)
- Избелување на хиперпигментации на лицето (флеки, старечки дамки)
- Избелување на темните кругови околу очите
- Мезотерапија на тело (отстранување на целулит и масни наслаги, обликување на тело)
Како изгледа процедурата?
Процедурата е безболна. Се користат мали и тенки игли, но за поголем конфорт на пациентот се нанесува и локален анестетик.
Во аnti-аge мезотерапијата (мезотерапија на лице, врат, деколте и раце) се вбризгува хијалуронска киселина во горните слоеви на кожата. Понекогаш хијалуронската киселина може да се комбинира и со други активни состојки (силициум, колаген и др.) кои исто така имаат моќен аnti-аge ефект.
Мезотерапија е најефективен и безопасен третман за целосно подмладување на кожата. Се подобрува кожниот тонус, се рехидрира дермалниот слој, се измазнуваат малите брчки, а кожата станува сјајна и еластична.
Ефектите се видливи уште по првата процедура, но за најдобри резултати се препорачуваат 2 до 6 третмани, на интервал од 2 недели.




